сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев рекол, Заев порекол

Заев рекол, Заев порекол

Поминаа десет дена откако Зоран Заев пред целата македонска јавност кажа дека поднесува оставка и од лидерската функција во СДСМ и од премиерската позиција и излажа.

Политичарот кој играше со народот на “се или ништо“ повторно не си го одржа сопствениот збор и си поигра со македонската јавност.

Зоран Заев не си го одржа сопственото ветување и не поднесе оставка. По вчерашниот Извршен одбор и Централен одбор на СДСМ во период од само неколку минути Костадинов и Заев со сосема различни изјави за истиот настан, од исто место и иста сала.

Костадинов вели „Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука да биде одложена оставката на Зоран Заев од претседател на партијата, но и на другите оставки“-  поради, како што вели, ситуацијата во државата.

Додека Заев вели „Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинство и ако може да се појача“.

-Очекувам парламентарното мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество. Вечерта на 31-ви, реков останувам периодот за да помогнам во одржување на мнозинството, рече Заев.

Заев како пишман аџија се предомисли за одлуката за оставката.

Насекаде во демократскиот свет оставката е демократкски чин од морален и етички карактер, само за Заев е игра на се или ништо и со трпението на народот каде што единствено граѓаните трпат загуби поради нефункционлноста на институциите.

Македонија е во економска, енергетска и здравствена криза, а Заев си игра држава. Безизлезноста и очајот по дебаклот на локалните избори како и задржувањето на позициите по секоја цена го доведе Заев на работ на политичка глупост.

Предомислувањето, несигурноста во одлуките и честото менување на ставови во рок од неколку часа е она што го прати Заев во текот на целото негово владеење, па така и со оставката, се што рече, порече.

Најнови вести