вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По поразот на изборите, Чешката влада си поднесе оставка

По поразот на изборите, Чешката влада си поднесе оставка

Чешката влада поднесе оставка, пренесува Спутник.

Владата, предводена од премиерот Андреј Бабиш, поднесе оставка во четвртокот, по поразот на изборите одржани во октомври годинава.

Кога претседателот Милош Земан ќе ја прифати неговата оставка, владата во оставка ќе продолжи да ги извршува своите должности до изборот на нов премиер.