сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски ја извади бедата на Владата на Заев на чистина, киднапираа пратеник за да се власт

Мицкоски ја извади бедата на Владата на Заев на чистина, киднапираа пратеник за да се власт

Вчерашната ситуација со непојавување на пратеник за да не се изгласа недоверба на Владата единствено се докажа дека Заев и неговите луѓе се служат со недемократски методи за да опстојат на власт.

-Дали е жив здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонски и албански порака на социјалните мрежи друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат, во тие заедници кои што тој ги наведе во својот фејсбук статус, како што се САД и Европската Унија. Претседателот на државата кој што е најодговорен заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот бидејќи пратеник во македонското Собрание нема. Ние не знаеме дали е тој киднапиран и се држи без своја согласност или доброволно се држи или избега, не знам зошто е ако е доброволно не беше денеска тука појавен, ќе си се гласаше ако беше против да падне оваа Влада ќе си гласаше против и Иницијативата ќе завршеше 60-60, и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам“, истакна вчера во својата изјава пред Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски дури посочи дека сето тоа што се случува е срам и ако се потврди тоа дека пратеникот Кастриот Реџепи е држан надвор од своја волја и дека некаде се наоѓа сега каде што никој жив не знае каде се наоѓа тогаш навистина тоа предизвикува силно чувство на гадење.

По изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се појави едно видео на социјалните мрежи каде Кастриот Реџепи нервозно замолува никој да не го бара и дека е добро.

Видеото покрена лавини реакции кај граѓаните дури се роди и сомнеж дека е држан пратеникот под присила во една просторија. Дури и според неофицијални податоци од медиумите се шпекулираше дека пратеникот на Беса кој што требаше да гласа за недоверба на Владата се наоѓал против своја волја во Мала Речица.

-Власта е подготвена на се. Се додека немам јасна слика и глас од пратеникот, мислам дека тоа е направено против негова волја. Од вчера немаме контактирано, немам информации каде се наоѓа. Се додека не излезе дека ова е негов став и е доброволен, јас како претседател на Беса, можам да се сомневам дека тој против негова волја е задржан некаде, вели Билал Касами, претседател на партијата Беса.

На прашањето дали Реџепи синоќа бил пратеникот од Беса на координативната средба со Заев во Владата, како што изјави Мендух Тачи, Касами вели дека тоа е претпоставка. „Движењето Беса стои во ставовите за пад на овој режим. Последните случувања со Реџепи покажуваат дека оваа власт е спремна на сѐ. Сѐ додека не дојде лично да го соопшти тоа што го објави ќе се сомневам дека негде е држен со сила“, изјави Касами.

-Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации, пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата, порача лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборувајќи за видеообраќањето на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.

Иако во видеото тој тврди дека е на безбедно и се чувствува добро, пратениците од опозицијата веруваат дека пратеникот веројатно е задржан против своја волја.

-Денес во Македонија беше киднапиран пратеник, денес во Македонија видовме како режимот на власт се трансформира во најкриминоген режим воопшто виден на просторот на Европа. Затоа ќе има одговорност, многу побрзо од тоа што мислат, ќе дојде денот кога ќе одговараат сите оние кои што денеска киднапираа пратеник и сите оние кои што одземаа телефони од пратеници и ги чуваа пратениците во одредени простории за да не можат да излезат и да комуницираат и направија се да македонската демократија денеска е погазена. Но, не за долго.Како што кажав за тоа ќе има одговорност, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски при што побара брзи предвремени избори во најкус можен рок со цел да се реши политичката криза која ја креираше неспособната Влада на СДСМ и ДУИ.

-Вчера Заев ја уби демократијата во државата. Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции како Транспаренси или на листите на списанијата како Економист, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

И по целата акција вчера, Зоран Заев не даде ниту еднаш изјава пред медиумите, туку пред полноќ се појави во Собранието и си замина без да ја коментира ситуацијата.

Најнови вести