среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев остана, СДСМ и државата загубија

Заев остана, СДСМ и државата загубија

Колку вредат зборовите на премиерот Зоран Заев и колку долго траат неговите ветувања? Речиси стана негова навика да рече и да порече, да вети и да погази.

По катастрофалниот пораз кој го доживеа на локалниоте избори, премиерот и лидер на СДСМ пред јавноста посочи дека ја превзема одговорноста и дека се повлекува од двете функции.

„Ја преземам одговорноста на себе. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија“ – истакна Заев.

Оставката на Заев би значела оставка на цела Влада како и оставка на останатите челни луѓе во СДСМ. Но, од тоа ништо. Како што тој тоне во својата политичка кариера, повлекува се со себеси, па така и државата.

Незадоволството секој ден расте, државата и граѓаните секој ден чувствуваат нови кризи, живеат потешко и наместо напред, одат само надолу. Но, приоритет на Заев е да се спаси себе, па така одлучи се да пушти низ вода и да отиде чекор понатаму во газењето на демократијата.

Вчерашниот ден во македонското Собрание беше тежок удар врз демократијата во Македонија.

Како што обвини опозицијата од македонскиот и албанскиот блок, вчера СДСМ и ДУИ киднапираа пратеник. Знаеа дека ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и партнерите имаат мнозинство да ја бутнат владата која веќе нема легитимитет.

„Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Заев е најлошото за Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на губитникот Заев е делегитимирана. Губитникот Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратебик. Вчера мораше да киднапира пратеник, за да може да продолжи да краде. Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност. Вчера Заев ја уби демократијата во државата. Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции како Транспаренси или на листите на списанијата како Економист, стои во соопштението на партијата.

Откако пратеникот Кастриот Реџепи не се појави на седница, а објави свое обраќање на Фејсбук, се огласи лидерот на БЕСА, Касами, кој оценува дека видеото е направено под присила.

-Веруваме и убедени сме дека ова видео е направено под присила бидејќи е направено во моментот кога јас одам во полиција да пријавам. Ако пратеникот бил слободен доброволно на некоја позиција требало да ги информираат органите на редот, а не мене да ми кажуваат од полиција дека „ да, знаеме каде е пратеникот“, нагласи синоќа Касами.

Тој ги замоли институциите да ја информираат јавноста каде е пратеникот и дали е здрав и жив.

-Властите треба да ни кажат дека пратеникот е здрав и жив заедно со неговото семејство. Во ситуација кога јас одам заедно со членови на семејството да го пријавам за исчезнат заедно со неговото блиско семејство излегува ова видео. Затоа ние дополнително се сомневаме дека оваа ситуација е исценирана, истакна Касами.

Зијадин Села, пратеник и лидер на Алијанса на Албанците, посочи дека опозицијата има мнозинство за да изгласа недоверба на Владата, но дека најважно е да се утврди каде е Кастриот Реџепи.

Тој додаде: „Моите очекувања се пратениците да одлучат по своја волја и да не бидат уценети, ако се уценети“.

„И во моментот кога зборуваме не знаеме каде се наоѓа еден пратеник. Тоа го кажувам од човечки апсект. Сите пратеници навистина треба да бидат загрижени што имаме само статус на ‘Фејсбук’, а не глас и физичко присуство на Кастриот Реџепи. За ова треба да дадат одговор институциите на државата. Не знам дали е безбеден или не пратеникот. Во моментов немаме негово физичко присуство во Собрание или некаде, да дава изјава. Сите кои се сметаат за хумани, треба да речат, чекајте – пред да зборуваме за нова власт да видиме дали тој е безбеден. Сите кои аплаудираат на ваков развој на настаните, мислам дека ништо хумано нема кај нив“, рече вчера Села.

Според Села, ако во Собранието се случуваат вакви работи, којзнае што се случува со граѓаните.

Опозицијата по вчерашните игри на власта во Собранието и исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи, кој беше 61-иот глас за пад на Владата, најави дека почнува битка за предвремени парламентари избори.

Во моментов СДСМ и ДУИ немаат ниту мнозинство во Собранието, ниту легитимитет за Влада.

Дури и со нивните недемократски методи да успеат да обезбедат над 60 пратеници, тоа е коалицијата со која Македонија секој ден тоне во нови кризи. Државата и народот се жртви на економска, здравствена и политичка криза.

Најнови вести