понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во каков филм е СДСМ, Заев им донесе историски пораз, наместо одговорност во својот двор тие бараат оставки во опозицијата

Во каков филм е СДСМ, Заев им донесе историски пораз, наместо одговорност во својот двор тие бараат оставки во опозицијата

На Зоран Заев после првиот круг на локалните избори му стана јасно дека ја има изгубено поддршката кај граѓаните поради штетните политики кои ги спроведуваше тој и неговата партија како на централно така и на локално ниво, како и поради нереализираните ветувања кои ги даваше уште во 2016 година, а граѓаните не видоа ништо од тоа туку напротив нивното живеење стана уште потешко со трошоците за живот кои секој месец се сѐ повисоки.

Во вакви услови кога веќе стана јасно дека ги губи скоро сите општини вклучително и Град Скопје кој и самиот го нарече „Влада во Влада“, Заев најави дека доколку кандидатот од СДСМ, Петре Шилегов го изгуби Градот Скопје, тој ќе си поднесе оставка.

Тој со ваквата изјава се обиде повторно да ја мобилизира онаа маса на гласачи кои му ја имаа дадено довербата за централната власт, па ја стави на „all in“ целата Влада, но после вториот круг на локалните избори пораката која му ја испратија граѓаните беше повеќе од јасна. Зоран Заев и СДСМ го доживеаја еден од најдлабоките порази во плуралистичка Македонија со разлика од повеќе од 100 илјади гласа.

И самиот Заев свесен за „клоцата“ која му ја удрија граѓаните уште вечерта излезе на прес конференција го призна поразот, рече дека ја превзема одговорноста одговорноста за истиот и си поднесе оставка од премиер и од претседател на СДСМ, што навидум наликуваше на демократски чин и оддржување на зборот. Но, ниту едното ниту другото не се особина на Заев и Заев не е Заев ако не си го погази Зборот. Тој за само неколку дена, за малку да го одложи крајот на неговата политичка кариера кој е неизбежен, измисли нов израз кој не е слушнат никаде во светот, но сепак разбирлив за еден хибриден режим „одложување на оставката на неопределено“, па во овој филм ја турка и неговата партија која наместо одговорност во својот двор за историскиот пораз кој им го донесе Заев, бара оставка од лидерот на опозицијата која издвојува апсолутна победа на последните избори.

Најнови вести