четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Градоначалник уапсен во Бугарија: Осомничен е за поткуп во име на партијата на Каракачанов, еве како се брани

Градоначалник уапсен во Бугарија: Осомничен е за поткуп во име на партијата на Каракачанов, еве како се брани

Раководството на ВМРО-БНД после слабите резултати од изборите на 14 ноември во Бугарија си поднесува оставка. Покрај претседателот на партијата, Красимир Каракачанов, оставка поднесоа и потпретседателите Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Милен Михов и Атанас Стојанов.

Токму последниот, кој е и градоначалник на Сандански, во неделата беше уапсен и задржан 24 часа во полиција за купување гласови.

Откако помина 24 часа во полициска станица, за потоа за бугарските медиуми изјавил дека не знае ништо за пликовите со пари и списоците со имиња кои биле најдени во неговиот автомобил во неделата попладне, откако тие ги пријавил еден граѓанин.

-Воопшто не сум ги допрел пликовите кои што беа најдени во мојот автомобил. Веројатно некаде сум ја оставил колата отклучена и ми ги ставиле. Со рака на срцето кажувам дека немам врска со тоа, изјави Стојанов.

Бугарската полиција соопшти дека истрагата за случајот ќе продолжи.