Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со својата свршеница Георгина во приватен авион.
„Без разлика колку патуваме низ светот, секогаш се чувствуваме како дома во Португалија. Фантастично време, прекрасна храна и Португалеците… Секогаш со нетрпение очекуваме да дојдеме во нашата земја. Сега е време да се вратиме во Манчестер и да се концентрираме на нашите цели, но ќе видиме дека ќе се вратиме наскоро“, напишал Роналдо покрај фотографијата која собра речиси шест милиони лајкови.
Георгина позираше во крзнена јакна, а вниманието го украде лакираната чанта Биркин, чија вредност се движи од 5.500 евра па нагоре.
View this post on Instagram
Хермес Биркин е најлегендарната чанта на сите времиња, до која и најбогатите тешко можат да стигнат. Некои од најевтините модели чинат над 5.500 евра, а најскапите и десет пати повеќе. Пред неколку години, во аукциската куќа Кристи во Хонг Конг, чанта Биркин била продадена за неверојатни 380.000 долари, што ја прави најскапата чанта на светот.
View this post on Instagram
Чантата Биркин го добила името по актерката и пејачка Џејн Биркин, а била создадена во 1981 година.
На Георгина ова не е и` единствената чанта Хермес Биркин што ја поседува (ги има најмалку шест), а со таква чанта можеше да се види и Роналдо.
View this post on Instagram