петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО: Нашата држава рангирана последна по влез на странски директни инвестиции во регионот (ФОТО)

МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО: Нашата држава рангирана последна по влез на странски директни инвестиции во регионот (ФОТО)

Сценариото од минатата година се повторува, односно Македонија е на дното на регионот по влез на странски инвестиции во првата половина од 2021 година.

Според графиконот претставен на фотографијата, Србија е со убедлива предност во регионот со дури 1.720.000.000 евра прилив на странски инвестиции за првата половина од 2021 година, а зад неа Албанија со 463.000.000 евра. Пред нас е и Косово, која е помала држава по население, а има повеќе странски инвестиции, односно 277.821.394 евра. На дното е Македонија со 244.300.000 евра.

Според вториот графикон кој го претставува приливот на странски директни инвестиции по глава на жител за првата половина од 2021 година, нашиот северен сосед Србија повторно се наоѓа на првото место, односно 247 евра по глава на жител. На трето место е Албанија со 164 евра, па Косово со 157 евра и повторно на дното, Македонија со 118 евра по глава на жител.

За потсетување, од страна на моменталната владејачка структура беше ветено дека ќе бидеме рекордери на Балканот со странски директни инвестиции, но овие графикони го претставуваат токму спротивното, односно суровата реалност на Македонија како земја во развој.

Наместо економијата да се рестартира во првата половина од 2021 година, сведоци сме на уште едно економско фијаско слично на она од минатата година! Секојднево расте бројот на невработени, се затвораат фирми, илјадници вработени од текстилната индустрија се пратени на принуден одмор, слична судбина имаат повеќе од 50.000 вработени во угостителскиот сектор и другите услужни дејности.

Да не заборавиме дека во првиот квартал имаме двоцифрен пад на индустриското производство и пораст на јавниот долг. За жал, очекувањата за вториот квартал се уште полоши.