понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Внимавајте, контролите продолжуваат: 111 казни во Скопје за еден ден

Внимавајте, контролите продолжуваат: 111 казни во Скопје за еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15, 10 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол, 15 прекршоци што ги чинат пешаците.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.