четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Продолжува „црната“ серија за ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите

Продолжува „црната“ серија за ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите

Тимот на Вардар го претрпе петтиот пораз во низа, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје загуби од Пик Сегед со 27:30.

Ова е втора победа за Пик Сегед над „црвено-црните“, по минатонеделниот триумф пред домашната публика со 34:31.

По почетното водство на „црвено-црните“ со 1:0, следуваше серија од осум голови за гостите од Сегедин за +7, разлика која остана до крајот на првото полувреме (9:16). Вардарци добро тргнаа во второто полувреме и по само десет минути намалија на само три разлика (15:18). Сепак, домаќините немаа сили за целосен резултатски пресврт. Следуваа добри минути за унгарскиот претставник и успешно одбивање на вардаровиот обид за анулирање на негативата. Во 53. минута семафорот покажуваше 20:26, разлика и повеќе доволна за мирен финиш.

Анте Гаџа и Тимур Дибиров со по пет погодоци беа најефикасни во составот на Вардар. Кај Пик Сегед најмногу голови даде Марио Шоштариќ – седум од осум обиди.

По осум кола во А-групата, Вардар е на 6. место со пет бодови, Сегед е втор со 12.  (МИА)