понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот

Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8,0 отсто по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина.

Тоа ги наведе инвеститорите да се ослободат од ризичните имоти во корист на безбедните засолништа, како што се државни обврзници, јен и долар.

Биткоинот се намали за 7,8 проценти и чини 54.377 долари, што е најниско ниво од 12 октомври.

Според научниците новиот вид на коронавирусот, што беше откриен во Јужна Африка, во Боцвана и во Хонг Конг, претставува необична комбинација на мутации, што може да го направи отпорен на имунолошкиот одговор на телото или попренослив и заразен од Делта сојот.