Во интервју за „Сандеј тајмс“, Џорџ Клуни се осврнува на сообраќајната несреќа во Италија, 2018 година, во којашто за малку ќе загинел.
Глумецот завршил в болница откако автомобил удрил во неговиот мотор. Се присети на своите мисли по несреќата – „Само нека се изгаснат светлата. Сега сум добро“. Но, имало и една бизарна ситуација, при што, додека лежел повреден, околу него се собрале луѓе кои почнале да фотографираат и снимаат.
– Ако сте јавна личност, она што го сфаќате додека лежите на земја, покрај тоа дека ова можеби се последните минути од Вашиот живот, е и тоа дека за некои луѓе секогаш ќе бидете само забава на Фејсбук. Јас сум позитивен лик. Но, тогаш заклучив дека за нив, јас сум само забава!, вели Клуни.
Во јуни 2018 година, тој го снимаше „Финта 22“ (Catch 22) на Сардинија, а несреќата му се случила на пат кон студиото