На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“ пријавено е дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие- Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.
Територијална противпожарна единица на Град Скопје информира дека нема повредени лица.