вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Десет македонски поети на српски јазик

Десет македонски поети на српски јазик

Во Зборникот „Шумадиски метафори – 2021” кој го издава познатата поетска манифестација Шумадиски метафори кој повеќе од триесет години се одржува во градот Младеновац во Србија, и кој обилува со голем број текстови од српски и странски автори, централното место озаглавено „Поетско дарување” е посветено на современата македонска поезија.

Во панорамата што ја подготви главниот уредник на Зборникот Душан Стојковиќ, кој е голем познавач и толкувач на македонската поезија и проза – инаку и годинашен добитник на наградата Книжевен жезол на ДПМ – со своја поезија застапени се десет современи македонски поети – Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Ристо Василевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Славе Ѓорѓо Димоски, Лидија Димковска, Никола Маџиров и Јовица Тасевски – Етернијан.

Сите автори се застапени со по четири песни, и сите се во превод на поетот и академик Ристо Василевски.