четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Москва чека одобрение од Вашингтон за средбата меѓу Путин и Бајден

Москва чека одобрение од Вашингтон за средбата меѓу Путин и Бајден

Кремљ денеска соопшти дека приближно се договорени времето и датумот на средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва го чека конечното одобрение од Вашингтон.

Советникот на рускиот претседател Јури Ушаков изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат во следните неколку дена, пренесува ТАСС. (МИА)