недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани и исклучени од сообраќај 29 пијани возачи на подрачјето на СВР Тетово

Санкционирани и исклучени од сообраќај 29 пијани возачи на подрачјето на СВР Тетово

Ноќеска (04/05.12.2021) полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол.Во контролата биле откриени и сакнционирани вкупно 29 пијани возачи (ТЕ-23 и ГВ-6).Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а двајца возачи кои одбиле алкотестирање (ТЕ) со глоба од 500 евра.Покрај тоа, на сите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци.

Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.