среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Пренџов: Владата требаше да ги замрзне цените на производите кои беа во јули и август, а не овие сега или кога месото беше 240 денари, а сега е повеќе од 300 денари

Пренџов: Владата требаше да ги замрзне цените на производите кои беа во јули и август, а не овие сега или кога месото беше 240 денари, а сега е повеќе од 300 денари

Начинот на кој владата ги замрзнува цените на производите не е како што треба. Одговорна влада прави поинаку. Се е покачено, има многу нешто важно што не го размисливте, во јули месото беше 240 сега е повеќе од 300 денари. Одговорна влада прво ги гледа цените во јули и август и вели ги замрзнувам оние кои биле во јули и август, а не овие сега цени, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема обракајќи се на министерот за економија Крешник Бектеши кој беше дел од дебатата.

Според него владата се однесува по онаа купи ден продај и додаде дека цените требаше да се бидат замрзнати пред да се зголемат толку.

– Кажав еднаш тешко на држава во која само минималната плата расте. Треба посериозен пристап кон кризата која не чука на врата туку ни е длабоко влезена во државава, рече Пренџов.

Според него еднострано е однесувањето на власта.

– Не може само за цени да зборуваме и тоа требаше многу порано и многу поинаку, но треба и подддршка за стопанството. Каде е поддршката за стопанството, праша Пренџов.

Покачувањата кажа Пренџов се високи, храна 5 посто повиски цени, масло 24,9 проценти, месо 3 посто, шеќер 5,5 проценти, течни горива 5,5 проценти.

– Значи многу се повисоки покачувањата, рече Пренџов.