недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Новата коалиција е последниот чин од обидот за уништување на Македонија во режија на Заев

Мицкоски: Новата коалиција е последниот чин од обидот за уништување на Македонија во режија на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашања за медиумите од посетата во Штип, ја коментираше новата коалиција во која влезе и Алтернатива и распределбата на директорските и министерски места.

Мицкоски рече дека ова наликува на последниот чин на обидот за уништување на Македонија, во режија на Зоран Заев и СДСМ.

– Ова што се случува изминативе денови претставува политичка некултура и препелкање на самиот Зоран Заев и СДСМ и обид, колку толку да го продолжат својот политички век на траење на неколку недели. Срамно е ова што се случува, срамно е што политиката се сведе на трговија како на зелен пазар и наместо да зборуваме за стратегија, за визија, да зборуваме за вредности, да зборуваме за проекти за развој, денес дебатата се сведува на тоа кој – колку министерски места добил, колку директорски места добил, колку членови во управен одбор, колку во надзорен и на крај на денот сето тоа го плаќа сиромашниот граѓанин во Македонија – рече Мицкоски.

Мицкоски продолжи и рече дека токму тоа е суштината во пристапот на Зоран Заев која е целосно погрешна и уште еднаш заклучи дека тоа всушност е последниот чин од обидот да се уништи Македонија, да се осиромаши народот и сето тоа во режија на Зоран Заев и СДСМ.

Најнови вести