На 09.12.2021 пред угостителски објект на подрачјето на Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода Б.Т.(54) од Скопје.
-За него била распишана потерница за доиздржување на казна затвор во времетраење од 6 години и 2 месеци, а по барање од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, информира МВР.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната.