СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 04.12.2021 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Ј., при што пронашле и одзеле хероин.