понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пополнета дупката: Нормализиран сообраќајот кај село Долно Косоврасти

Пополнета дупката: Нормализиран сообраќајот кај село Долно Косоврасти

Сообраќајот на делницата Дебар-Жировница, патен правец, Дебар- Маврово, кај селото Долно Косоврасти е нормализиран, откако со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, пополнет е со песок а во еден дел и бетон кратерот кој се појави на коловозот.

Сообраќајот се одвиваше наизменично по помошен пат, оспособена девијација, што вработените на секцијата ја направија на 16 октомври, кога на истото место имаше појава на кратер, пропадната дупка на коловозот.

Според раководителот на секцијата Деар Лиманоски кратерот бил забележан во 2:30 часот од нивна екипа при обиколка на патните правци кои се под нивна надлежност и расчистување на помали одрони.

Во исто време тој препорачува внимателно возење на сите патни правци кои се под надлежност на секцијата, поради појава на помали одрони.

-Препорачувам оние кои се движат во ова подрачје, да ја приспособат брзината според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Наши екипи се постојано на терен во расчистување на одроните, додава тој.

Под надлежност на секцијата се патишта во должина од над 110 километри кои минуваат низ поширокиот дебарскиот регион, кој е познат по обилните снежни врнежи и чести лавини и одрони. Тоа се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патоткон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.

Најнови вести