вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Легендарниот Мишо Ковач има корона

Легендарниот Мишо Ковач има корона

Мишо Ковач добил корона, пишува Слободна Далмација. Освен Миш, на корона се позитивни неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана.

Пејачот пред неколку дена бил пренесена во болница. Добил кислород и здравјето му се подобрило. Слободна Далмација од извори блиски на пејачот дознава дека Мишо денеска е пуштен на домашна нега.

Моментално е со сопругата и ќерката во стан под кирија во Строжанац, недалеку од Сплит.

Инаку, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневале на пневмонија. На крајот се испоставило дека нема пневмонија, па музичарот по антибиотска терапија бил пуштен дома.

По излегувањето од болница, Мишо се чувствувал добро и со семејните пријатели Томија и Вања Божиковиќ заминал во Строжанац.

Најнови вести