четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ученици од повеќе европски земји во посета на ракометарите на Вардар 1961

Ученици од повеќе европски земји во посета на ракометарите на Вардар 1961

Ученици од Португалија, Хрватска, Грција, Франција и Турција ги посетија ракометарите на актуелниот македонски ракометен шампион и двократен европски првак Вардар 1961, како дел од Еразмус плус проектот „Запознавање со спорт, активности во природа и традиции“.

Учениците од петте европски земји, заедно со своите домаќини од ОСУ „Мирко Милески“ од Кичево, имаа можност да присуствуваат на дел од тренингот на ракометарите на Вардар, и да ја разгледаат салата и нејзината инфраструктура, како и условите за тренинг.

– Како дел од Еразмус плус проектот, Вардар беше домаќин на учениците и секако бевме почестени што можевме да го промовираме македонскиот ракомет во европски рамки“, се наведува во клупското соопштение.

Учениците имаа можност да се фотографираат и да поразговараат со играчите.