среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против правен субјект од Тетово и 14 лица: Организирале игри на среќа без лиценца

Кривична пријава против правен субјект од Тетово и 14 лица: Организирале игри на среќа без лиценца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово, М.А.Ч.(25) од Турција, Б.Б.(30) од Тетово, О.С.(28) од Турција, О.Ј.(23) од Турција, Ј.С.(33) од Тетово, А.Р од Тетово, А.К.(26) од Тетово, Ј.К.(30), М.С.(25) од Тетово, Ш.Н.(22) од Гостивар, Б.Х.(20) од Тетово, Ф.П.(49) од Е.С(23) и А.А(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“.

Правниот субјект и останатите 14 пријавени физички лица во текот на јули 2021 година во простории на правниот субјект организирале и приредувале онлајн игри на среќа без издадена лиценца, односно без дозвола од надлежен орган. На 29.06.2021, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од УЈП Тетово и ДПИ Тетово извршиле контрола во објектот и притоа затекнале повеќе вклучени компјутери на кои се играле „Слот игри“, повеќе административни различни панели и на секој од нив имало извршено парични трансфери во турски лири, како и многу клиенти кои контактирале преку „Скајп“ апликација за комуникација и кои биле конектирани на шест ИП адреси во Холандија преку други апликации кои се користат за конектирање на друг компјутер се со цел прикривање на реалната ИП адреса.

Притоа, биле одземени осум компјутери, два лап топ компјутери, повеќе ливчиња со упатства на турски и англиски јазик и други предмети.