среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов: Стратешки интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ

Иванов: Стратешки интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ

Бугарија не треба да го менува својот став кон Република Македонија, изјави денеска копретседателот на коалицијата Демократска Бугарија, Христо Иванов, додавајќи дека позицијата на Софија е оти во нејзин национален интерес е двете земји да бидат дел од европското семејство.

– Наш стратешки интерес е Македонија да биде дел од ЕУ, но со почитување на Договорот за пријателство, додаде Иванов, чија коалиција е дел од новата бугарска Влада.

Според Иванов, како што јави дописникот на МИА од Софија, новата Влада не ја менува позицијата на Бугарија кон земјава, туку се залага за изнаоѓање пристап заедно со властите во Скопје „за остварување и на двете цели“.

Најнови вести