вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Доделени Посланијата за хуманост и статуетки со ликот на Мајка Тереза

Доделени Посланијата за хуманост и статуетки со ликот на Мајка Тереза

Граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ синоќа во Спомен–куќата на Мајка Тереза свечено ќе ги додели годинашниве Посланија за хуманост и статуетки со ликот на Мајка Тереза.

Овогодишни добитници на признанијата се ГОБ „8 Септември“ – Скопје, Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Вакциналниот ковид – пункт на Поликлиниката „Букурешт”, Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас”; ПЗУ Ординација по семејна и општа медицина во Општина Гази Баба и Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик „ЦСИ ЛИНК“.

Катерина Дамевска лекарка во ПЗУ Ординација по семејна и општа медицина во Општина Гази Баба по повод признанието нагласи дека во текот на својата десетгодишна кариера се соочила со бројни предизвици, но ниту таа, ниту нејзините колеги ширум светот не можеле да претпостават со каков непријател ќе треба да водат битка кога се појави коронавирусот.

-Минативе две години беа најтешките во мојата кариера, но со голема гордост можам да кажам дека во нив го почувствував и најголемиот успех. 600 позитивни пациенти – 600 излекувани лица. Ниту еден одбиен повик, ниту еден вратен пациент. Безброј прегледи и совети. Го разбирав стравот кој го имаат и знаев дека моја должност е да го победиме сето тоа заедно, вели Дамевска.

По силната и неизвесна битка со коронавирусот, во светски рамки, додава таа, уште не можеме да го видиме светлото на крајот од тунелот, за да можеме да кажеме дека победивме, но тоа се наѕира во здравствените картони на моите пациенти.

– Предизвикот беше голем, но нашите заеднички победи поголеми и повредни. Тие ќе ни бидат доказ дека ништо не е невозможно во посветената битка за здравјето, вели Дамевска.

Свеченоста ќе се одржи според ковид-протоколите, а на неа ќе настапат познатите македонски музички уметници Драган Мијалковски и Серафина Фантаузо.