среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данска од денеска ги признава македонските возачки дозволи

Данска од денеска ги признава македонските возачки дозволи

Македонските возачки дозволи од денеска се признаени во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Македонија.

-Со оваа одлука, граѓаните на Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит. Конечното решавање на ова прашање за државјаните на Република Македонија во Данска е од голема важност за нив и се надминува еден деценски проблем што го обременуваше нивниот секојдневен живот таму, имајќи ја во предвид и бројноста на нашата дијаспора во Данска, нашиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Најнови вести