понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: 40 санкции за непрописно престигнување на тетовско-гостиварското подрачје

МВР: 40 санкции за непрописно престигнување на тетовско-гостиварското подрачје

Денеска (17.12.2021) од 07.00 до 12.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е сообраќајна акциска контрола за непрописно престигнување, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 40 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-21).

Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-19 и ГВ-18) се однесувале на престигнување на забранети места, а 3 (ГВ) на престигнување во колона. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и другите превидени мерки. При контролата, исто така, санкционирани биле и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ).