На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64).
Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал. Од БППЗ на Град Скопје известуваат дека вo периодот од 00:15 до 03:40 часот, со 5 ПП возила и 16 пожарникари интервенирале на запалена куќа во с.Побожје. Материјалната штета е неутврдена, а опожарени се околу 140 м2.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.