Ливерпул не успеа со три бода да си замине од Лондон и пресметката со Тотенхем, а со тоа му овозможи на Манчестер Сити да ја зголеми разликата на врвот на прволигашката табела.
Тренерот Јирген Клоп беше доста нервозен на овој дуел, а особено беше гневен на судијата Пол Тирни и неговите одлуки. На паузата Клоп имаше краток разговор со Тирни за да по последниот свиреж одново тргне кај него и директно му порача:
👀 Jurgen Klopp having a word with the referee in the tunnel before the second half after he lost his cool on the touchline pic.twitter.com/UU6RsXti3V
— Football Daily (@footballdaily) December 19, 2021
-Немам проблем со ниеден судија, немам. Само со тебе. Само со тебе. Не досуди чист пенал. Мора да стане за да шутира. Имам проблем само со тебе, никогаш не си играл фудбал, -истакна Јирген кој можеби ќе заработи и казна за ваквиот однос кон главниот арбитар.