понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен 24. годишен дилер од Скопје, бил баран со судска наредба

Приведен 24. годишен дилер од Скопје, бил баран со судска наредба

На 19.12.2021 во 21.25 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Б.С.(24) од Скопје.

Тој бил баран по судска наредба за издржување казна притвор, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.