понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Спалети по поразот од Специја: Не се движевме доволно

Спалети по поразот од Специја: Не се движевме доволно

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го коментираше поразот од Специја (0:1) во 19. коло од италијанскиот шампионат.

– Загубивме лош натпревар, бидејќи долго време ја контролиравме играта, но не успеавме да направиме доволно за да ги реализираме нашите шанси за гол. Не создадовме доволно простор во последната третина и не се движевме доволно. Само така можеше да биде разбиена компактната гостинска одбрана. Во вториот дел го станавме нервозни. За жал, без Осимен имаме малку опции во нападот. Треба да играме добро во континуитет, во спротивно, нашите ривали ќе не поминат на табелата, изјави Спалети.

По 19 кола во Серија А, Наполи се наоѓа на 3.место на табелата со 39 бода. Лидер е Интер со 46, втор е Милан со 42 бода.