Интер како лидер го заврши првиот дел од сезоната во Серија А, празниците ги дочекува од врвот на табелата, актуелниот шампион е на добар пат да ја одбрани титулата, барем статистички.
Последните четири пати кога Интер бил прв на табелата на крајот од првиот дел и на половина пат од сезоната , секогаш на крајот од првенството бил шампион.
Интер е лидер на табелата со 46 бода, Милан е втор со 42, следуваат Наполи со 39, Аталанта со 37 и Јувентус со 34 бода.