Во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, вчера вечерта полицијата пронајде и одзема 1380 разни видови пиротехнички средства.
-Претходно, околу 18.20 часот пред угостителски објект на Градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 парчиња петарди, информира МВР.
По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.