петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Славица Чуктераш по втор пат заразена со коронавирус

Славица Чуктераш по втор пат заразена со коронавирус

Пејачката Славица Чуктераш по втор пат е заразена со коронавирусот. Славица ги извести фановите дека нејзините настапи се откажани поради позитивен тест на коронавирусот.

– Настапот што требаше да се одржи е откажан, поради мојот позитивен тест. Се надевам дека ќе се видиме наскоро бидејќи ја сакам белградската публика. Исто така, ги откажувам настапите закажани за следниот период, но се ќе надополниме – напиша таа на Инстаграм.

Да потсетиме, Славица лани беше заразена со коронавирусот, како и нејзината колешка Милица Тодоровиќ, па во тој период двете поминаа време заедно.

Славица откако прележа Ковид-19 се пожали дека има и други последици, како што е губење на слухот, а се пожали и на проблеми со срцето, кои ги имала тогаш.

– За сите мои пријатели, немојте да се чудите што не ве слушам и постојано да викам „а?“, „Што?“ и „Не ве слушнав“ Значи, глува сум, хаос – напиша тогаш пејачката на социјалните мрежи.

Најнови вести