сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Започна снимањето на „Фросина“, првиот македонски уметнички филм

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Започна снимањето на „Фросина“, првиот македонски уметнички филм

На денешен ден пред 69 години, односно во 1952 година во Скопје, во ателјеата на Зајчев Рид, започнало снимањето на првиот македонски уметнички филм „Фросина“.

Режисер бил Воислав Нановиќ, а снимател Кирил Билбиловски. Во главните улоги играле Мери Бошкова, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Ацо Јовановски и други.

Филмот ја раскажува трагичната судбина на Фросина, вдовица и мајка на многу деца, од кои само Климе преживеал… Во првиот македонски игран филм, снимен после Втората светска војна, не само ликот на старата Фросина кој тогаш го толкуваше 27-годишната Бошкова, туку и останатите ликови имаат стабилна морална нишка, длабокоумност, свесност за сопствените постапки и нивното влијание на сите околу себе, свесност за нивната улога во борбата за слобода, за добробитта на заедницата…

„Фросина“ е прв игран филм снимен во продукција на „Вардар филм – Скопје“, продуцентска куќа основана во 1947 година.

Во јуни минатата година, во летното кино на Кинотеката беше прикажана и новата, дигитално реставрирана копија на првиот македонски игран филм „Фросина“.