На 05.01.2022 во 22.00 часот во н.Илинден, скопско, полициски службеници од Полициското одделени Петровец ги лишиле од слобода А.Н.(24) од н.Илинден и А.М.(23) од с.Марино, скопско. Тие се сомничат дека околу 10.00 часот на железничка станица во Илинден со закана одзеле пари и мобилен телефон од А.Х.(29), Н.К.(21), В.У.(19) и еден малолетник, сите од Авганистан. Кај нив биле пронајдени два пиштоли ЦЗ 99 калибар и две рамки со 10, односно 15 куршуми 9 мм.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.