Тројца скопјани вчера пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.
Првиот случај е пријавен од З.М.(41) кој пријавил дека на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бил каснат од куче скитник.
Вториот случај е 20-годишна девојка која била касната на ул.„23-ти Октомври“.
Третиот случај е пријавен од П.Р.П.(56) кој бил каснат на ул.„Ловќенска“.