среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност на Бугарија посветен на Македонија

Започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност на Бугарија посветен на Македонија

Во Софија започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија Румен Радев, на тема „Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Македонија и Албанија“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија на 16 декември во Брисел ја објави намерата да свика Советодавниот совет на кој ќе се разговара на темата Македонија.

Тој пред неколку дена изјави дека Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Северна Македонија. Радев повика на „гарантирање на правата на македонските Бугари, откажување од јазикот на омразата, прекин на процесите на дебугаризација, фалсификување на нашето илјадагодишно културно и историско наследство“. Според бугарскиот претседател, ова само ќе помогне во процесот на евроинтеграција, за конечно Бугарија да ја отвори вратата за преговори за членство на Република Македонија со ЕУ.

Новоизбраниот премиер на Бугарија Кирил Петков пред Народното собрание истакна дека владејачката коалиција има јасен заеднички став за Македонија. Од говорницата на Народното собрание, Петков најави дека на 18 јануари оди во Скопје на разговори, покажувајќи дека добрососедството е основен принцип за односите на Бугарија со Македонија.

Повод за посетата на Петков на Македонија е и 30-годишнината од признавањето на независната македонска држава од страна на Бугарија.

Најнови вести