На 10.01.2022 во 19.10 часот полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, го лишиле од слобода С.Б.(29) од Куманово, кој се барал за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по член 237 и 236 од Кривичниот законик – „разбојништво“ и „тешка кражба“.
Тој бил спроведен Казнено-поправна установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.