Денеска (11.01.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Штип лишени се од слобода А.А.(32) и Ќ.А.(37), двајцата од Струмица и Д.А.(28) и С.Н.(26), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека се извршители на четири кривични дела „тешка кражба“ од Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.
Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во месец јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број на предмети од Уметничката галерија.
Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип.
По комплетно документирање на случајот против нив до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава