сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Нема да излеземе со „бело знаме“, иако имаме респект кон Словенија

Лазаров: Нема да излеземе со „бело знаме“, иако имаме респект кон Словенија

Селекторот на машкатата ракометна репрезентација воедно и капитен Кире Лазаров во пресрет на првиот натпревар со Словенците смета дека Македонија има свои адути и надеж во групата и покрај квалитетот на ривалот.

Словенците се одлични, имаат неверојатни ракометари кои играат во големи екипи. Тоа е колектив предводен од добар селектор, со изградени играчи и Врањеш има задача да поработи само на ситни детали. Ние сме Македонија, знаеме како сме поставени и како функционираме. Нема да излеземе со „бело знаме“, иако имаме респект кон Словенија која е фаворит. Тие се екстра-квалитетна репрезентација. Словенците се играчи кои, ако имаат свој ден, што и да направиме можат да нè победат. 

Јасна е ситуацијата, имаме желба да одиме во вториот круг и тоа би бил огромен успех. Добивме тешка група со Данска  Словенија, па дури и Црна Гора. Ќе се стремиме кон целта, но мора да сме спремни на сè и да бидеме реални. Македонија е во транзиционен период и мора да бидеме трпеливи за да изградиме репрезентација која достојно ќе ја замени претходната генерација. Не сакам да правам притисок врз играчите, напротив, знаеме што сакаме и спремни сме. Дали тоа ќе биде доволно, ќе видиме утре на теренот“, изјави Лазаров.

„Бевме спремни за сценарио со коронавирусот. Едноставно јас бев подготвен и знаев како да реагирам ако се случи тоа. Не ни е сеедно, но мора да се адаптираме на ситуацијата. Некои репрезентации имаат поголеми проблеми, но тоа е што е. Не смееме да губиме енергија на проблемите, ќе играме со тоа што го имаме. Добро сме организирани и спремни, мора да го заборавиме моментот и да се свртиме кон предизвиците. Се подготвуваме долго време. За жал Никола Маркоски нема да биде дел од тимот, исто така и Дејан Манасков кој е меѓу најдобрите. Ковид-позитивните ќе недостигаат, пред се Никола Митревски. Исто така Кизиќ, како и Ојлески и Младеновиќ нема да бидат тука. Сакам да ги напоменам и четирите млади играчи кои не ги исполнија условите, браќата Атанасијевиќ, Ѓоргоски и Савревски“, смета предводникот на националниот тим.