вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Андрејевиќ се враќа во редовите на К.К.Куманово

Андрејевиќ се враќа во редовите на К.К.Куманово

Српскиот кошаркарски интернационалец Александар Андрејевиќ се враќа во редовите на Kуманово каде играше и настапуваше во текот на сезоната 2020/21.

Договорот на кошаркарот со тимот е до крајот на оваа тековна сезона. Кошаркарот на располагање на тренерот Владимир Мирковски ќе му се стави во понеделник кога ќе се приклучи на тренинзите на екипата.

Андрејевиќ минатиот шампионат додека го носеше дресот на Куманово имаше во просек 12,4 поени и 7,7 скокови по натпревар и беше еден од најдобрите кошаркари и носители на играта на македонскиот прволигаш.