По поразот од Данска на ЕП од 21-31 по мечот својот став го изнесе селекторот Кирил Лазаров.
„Сакам да се подготвувам и задоволство ми е да се надмудрувам со вакви противници. Сепак, невозможна мисија беше да се даде поголем отпор, иако во одреден дел бевме рамноправни со неафирмирани млади ракометари. Овие минути многу ќе им значат на младите ракометари. Полека треба да ги најдеме тие 16-20 ракометари кои би ни служеле во следните десетина години. Друго е кога ќе ги видите младите сили во Суперлигата, а друго на Европско првенство против Данска. Полека ни се чисти сликата да ги најдеме тие ракометари. Жал ми е што денес се повреди и Кузмановски, покрај веќе повредениот Маџовски и морав да комбинирам. Делумно сум задоволен и многу ни значи ова првенство. Вечерва игравме против „машинерија“ и ова е позитивно искуство за кое не можам да им замерам на ракометарите“. заврши селекторот.