Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети не е задоволен од играта на неговиот тим и покрај победата над Болоња (2:0) во 22. коло од Серија А.
– Изгубивме многу бодови оваа сезона. Треба да бидеме во топ 4 на крајот од првенството. Имаме квалитет и тим да го оствариме тоа. Понекогаш го губиме нивото. Треба подобро да го користиме просторот што ни го оставаат противниците. Така беше и на мечот со Болоња во последните минути од средбата, истакна Спалети.
По 22 кола во Серија А, Наполи за кого игра Елиф Елмас, е на 3. место со 46 бодови.
Следен противник на „наполитанците“, на 23 јануари ќе биде Салернитана во 23. коло од италијанскиот шампионат.