вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Драма во Требиње: Татко со бомба и две деца оди накај градот

Драма во Требиње: Татко со бомба и две деца оди накај градот

Маж кој изутрината се закани дека со бомба ќе ги убие своите две малолетни деца во требњинската населба Горица излезе од семејната куќа и со нив тргна накај градот, јавува Танјуг.

Драмата во таа требњинска населба почна пред девет часа, кога човек се закани дека ќе ги убие децата доколку сопругата не му се врати. Според очевидци, тој е татко на две деца на возраст од 8 и 11 години, кои ги фатил за шаката и со нив оди кон градот.

Паниката во таа населба трае веќе три часа, а на местото на случувањето има и преговарачки тим на полицијата, амбулантни возила и претставници верските институции.

Братот на мажот изјавил дека се обидел да разговара со него, но оти тој не сака да комуницира и изречито бара да му се врати сопругата која го напуштила со бебе пред четири-пет дена.

Според него, неговиот брат носи бомба и го извадил осигурувачот.

Полицијата ги враќа автомобилите во тој дел од градот, а ниту на новинарите не им е дозволен пристап.