понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: 22-годишник ја прегази 24-годишната девојка кај Сити мол

ФОТО: 22-годишник ја прегази 24-годишната девојка кај Сити мол

МВР потврди дека 24-годишна девојка вечерва загина во сообраќајна несреќа кај Сити мол во Скопје.

-Вечерва во сообраќајна несреќа починала женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22), велат од МВР за Прес24.

Претходно порталот „А1он“ објави дека девојката поминувала улица на пешачки премин кога автомобил марка „тојота“ ја прегазила и фрлила неколку метри со што таа се здобила со смртоносни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил, кој застанал на пешачкиот премин. Полицијата е на терен врши увид на местото на несреќата.

фото: a1on.mk