петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маричиќ е позитивен на корона, не замина за Софија на заедничката седница со бугарската влада

Маричиќ е позитивен на корона, не замина за Софија на заедничката седница со бугарската влада

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево ќе биде официјално пречекана од бугарскиот премиер Кирил Петков на плоштадот „Св. Александар Невски“. Двајцата премиери ќе положат венци пред Споменикот на непознатиот војник
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не е дел од владината делегација која денеска замина за Софија, каде што утре ќе се одржи заедничка седница на двете влади. Тој остана во Скопје затоа што добил позитивен тест на ковид-19. Симптоми, како што објави самиот, нема, но мора да седи во изолација.

„Давам целосна поддршка за процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи. Јас нема да бидам дел од владината делегација поради позитивен тест на ковид-19. И покрај тоа што немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација. За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата“, објави Маричиќ.

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево ќе биде официјално пречекана од бугарскиот премиер Кирил Петков на плоштадот „Св. Александар Невски“. Двајцата премиери ќе положат венци пред Споменикот на непознатиот војник.

Заедничката седница состанок на владите на Бугарија и Северна Македонија ќе се одржи утре во резиденцијата „Бојана“ со воведно обраќање на премиерите Петков и Ковачевски.

Предвидено е да бидат потпишани неколку билатерални документи, по што двајцата премиери ќе одржат прес-конференција.

Најнови вести