На последниот ден од зимскиот преоден рок, се договори и најголемиот трансфер кој ќе се реализира во летниот преоден рок.
Германски „Билд“ денеска објави бомбастична информација дека Килијан Мбапе ги договорил сите детали со Реал Мадрид и на лето како слободен играч на „Сантијаго Бернабеу“ ќе дојде како слободен играч.
Наводно платата на Мбапе во Реал Мадрид ќе изнесува 25 милиони евра годишно, а одличниот напаѓач треба да добие и бонус од неколку десетици милиони евра само за потпис на договорот.
Kylian Mbappe has agreed to sign with Real Madrid this summer on a free transfer, according to Bild 🤝 pic.twitter.com/eg2bHYYEgX
— GOAL (@goal) January 31, 2022
Веста потоа ја пренесоа поголем број на европски медиуми, со што е извесно дека на лето ќе заврши двегодишната сапуница со Мбапе во која најголем губитник ќе биде актуелниот тим на фудбалерот, ПСЖ.
Минатото лето ПСЖ одби понуда тешка 190 милиони евра од Реал Мадрид за Мбапе, бидејќи челниците на „светците“ се надеваа дека ќе успеат да го премислат фудбалерот и ќе потпишат нов договор.
Но, Мбапе ги одби сите понуди за продолжување на договорот со ПСЖ и се договори со Реал Мадрид.