среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија, епицентарот во охридско

Земјотрес вечерва ја стресе Македонија, епицентарот во охридско

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 31.01.2022 година регистрираше земјотреси 100 km јужно од Скопје кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два беа почувствувани: првиот земјотрес во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени според истата скала.

Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.

Најнови вести